TOW#512 – Извини!

0

Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој

Има луѓе, на кои зборот ИЗВИНИ им е тешко да го изговорат за своите грешки што ги направиле. Знаат дека тоа можеби ќе им влијае на кариерата, ама ете, едноставно, не им дозволува нешто од внатре да се извинат!

Од друга страна, пак, има сосема друга спротивност на луѓе, на кои не им е тешко да изговорат ИЗВИНИ, па понекогаш и непотребно го кажуваат, така што зборот изговорен од нивната страна веќе нема никаква смисла.

Да, и двата случаи се крајности, но она што сум го забележал, искреноста е најважна при изговарањето на овој збор. Искреноста за да признаете дека навистина сте згрешиле, искреноста да ја преземете вината како тим лидер, искреноста во самото изговарање. Ова ви го кажувам од мое искуство, не за друго, затоа што ИЗВИНИ го користам секогаш кога навистина треба да се изговори, како последица на горенаведените причини. Или што би рекол Seth Godin

“I’m sorry” takes guts.

Да се каже ИЗВИНИ, посебно на работа, е деликатно, не за друго, туку затоа што грешката која сте ја направиле може да има и големи реперкусии. Но, од друга страна, пак, неизвинувањето може да ги влоши работите, па затоа, би сакал да споделам неколку чекори за да изговорите ИЗВИНИ:

  • Искреност – не се извинувајте, ако не го мислите тоа! Тоа е непочитување. Е сега, ако сте навистина искрени, а другата страна не верува во тоа, тогаш тоа е нивен проблем!
  • Емпатија – пробајте да се ставите во кожата на тој/таа/тие на кои сте им ја направиле грешката! Како вие би се чувствувале да ви го направат вам тоа?
  • Одговорност – искрено преземање на одговорноста преку разбирање каква глупост сте направиле и дека вие сте ја направиле! Ова е најтешкиот дел, не за друго, во прашање е егото, а освен тоа во крвта ни е дека сме безгрешни!?!?
  • Без изговори – не може за нешто за што сте згрешиле вие, некој друг да ви е крив, да се извините и да кажете, ама знаеш тој/таа беше виновен за тоа…
  • Непријатна ситуација – сте згрешиле, а последиците се големи… мислите дека не знам дека понепријатна ситуација не ни може да сонувате од таа во која сте? Но, колку и да е ситуацијата непријатна, соберете храброст и извинете се! Не дозволувајте поради тоа да ви биде непријатно!
  • Имајте предлог – пред да се извините, размислете за неколку предлози – како да се надмине проблемот што се случил и како во иднина да не се повтори! Но, ако ветувате, гледајте да држите до тоа што сте го ветиле и да не заборавите после некое време
  • Научете од грешките – ова е клише, ама е краен чекор до извинувањето! Ако не научите ништо, не се промените, тогаш влегувате во онаа група која само се извинува и веќе никој не ѝ верува дека навистина се извинува!

И секогаш запомнете, со извинувањето не треба да ви биде непријатно. Вистинско извинување е за личноста од другата страна, затоа секогаш ставете ги нив на прво место.

Со успех во промените,

@kalinbabusku

Член на тимот

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот