Бернајс Пропаганда ќе настапат на Д Фестивал

0

На главната бина на овогодинешниот Д Фестивал ќе настапат и инди-пост-панк активистите Бернајс Пропаганда. Секогаш револуционерни во својот музички израз, Бернајс Пропаганда со четири студиски изданија и повеќе од стотици одржани концерти, важат за еден од водечките алтернативни бендови од регионов.

Бендот Бернајс Пропаганда го сочинуваат вокалот Кристина Горовска, Васко Атанасовски на гитара и Дени Крстев (ритам и клавијатури).

Покрај Бернајс Пропаганда, својот настап на Д Фестивал веќе го потврдија Toy Dolls, Dub Pistols и Чиста Околина на главната бина, The Project Orpheus, Millko, Самостални Референти, Палиндром, Këpurdhat, Anna O, Metanoia и PaprikaPaprika на „Москито Стејџ“, а наскоро се очекува да бидат објавени и други изведувачи кои ќе го одбележат шестото издание на Д ФЕСТИВАЛ!

Имено, Д Фестивал годинава ќе се одржува од 15 до 17 јули во Дојран и е единствен open air фестивал во земјава.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот