Стилски платнени торби кои трендсетерките ги обожаваат

0

Познатите трендсетерки имаат обичај да ги фотографираат своите утрински ритуали, како филџан кафе на убава мермерна маса со чаша цеден сок, a пожелно е во кадарот да ѕиркаат чевли и по некоја ташна. Но, не било која ташна туку “eco friendly” која  воедно изгледа многу модерно.

Модата и трендовите постојано се менуваат и се повеќе брендови обрнуваат внимание на еколошкиот начин на производство со целосно природни материјали. Руската дизајнерка со своите модели на платнени торби веднаш го привлече вниманието на сите љубители на модата, откако парчињата ги објави на инстаграм профилот @the.aket.

Примарната идеја при производство на овие торби е да се зачува планетата Земја и природата во неа, па овој податок дополнително привлече внимание покрај модерниот изглед на креациите. Платнените торби се одлични за секојдневните излегувања, без разлика дали одите на кафе со пријателките или во шопинг.

Меки, а сепак доволно цврсти за да ги користите долги години, со минималистички дизајн кој е дефинитивно ин.

Извор: journal.hr

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.