Насмевката е најубава шминка

0

Многу жени се чувствуваат несигурно кога се ненашминкани. А има и такви кои веруваат дека шминката е всушност еден вид пристојност. Но, ако прашате некој маж или друга жена која не мисли така, ќе ви кажат дека најмногу им се допаднале насмеаните, а не нашминканите жени.

Не е мал бројот на жените кои стекнале навика постојано да се шминкаат, тоа им е дел од утринската тоалета, никако не смеат да се појават на работа ненашминкани, особено ако работат со клиенти (тоа го доживуваат како да отишле на работа неизмиени). Но шминката не е неопходен додаток на убавината. Ни професионално нанесената шминка не може да се мери со убавината на насмевката. Нема да пречи ни да бидете нашминкана и насмеана. Но и љубезна.

happy-woman-with-beautiful-smile-253486__1475755065_77-29-142-87

Шминката сепак не е неопходна за убавината. Може да прикрие некои недостатоци, да го истакне она што е убаво, но не може ништо драстично да смени – а насмевката може. Луѓето значително подобро ќе реагираат на насмевката отколку на шминката сама по себе. Некогаш се случува едноставно да немате време да се погрижите за шминката. Во такви ситуации, предност дајте ѝ на личната хигиена. Но ако се чувствувате несигурна без шминка, само насмевнете се. Од насмевката лицето ќе ви блесне, а луѓето позитивно ќе реагираат на насмевката. Тие нема ни да забележат дека не сте нашминкана. Напротив, ќе ја паметат насмеаната, опуштена и блескава дама. 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот