3 нови серии за кои сите зборуваат и ќе ги изгледате во еден здив

0

Во последната декада се појавија толку нови серии и интересни приказни што не знаеме која попрво да ја почнеме, а уште потешко е да се стесни листата на оние што се најкреативни, иновативни и квалитетни во секој поглед.

Сепак, за овие три серии не се престанува да се зборува и токму затоа го привлекоа нашето внимание. Во прилог погледнете ги приказните за кои во последните месеци најмногу се дискутира и ако не сте ги погледнале до сега, топло ви ги препорачуваме:

Euphoria

Драма која нуди нов поглед на приказната за растењето и созревањето, истражувајќи го тинејџерскиот секојдневен живот со емпатија и отвореност. Серијата раскажува за 17 годишната Rue Bennett која е зависник од дрога и штотуку излегла од институција за рехабилитација, барајќи ја смислата на својот живот. Животот драстично и се менува кога ја запознава Jules Vaughn која неодамна се преселила во градот по разводот на нејзините родители. Тие заедно го бараат нивното место во светот.

Серијата е забавна, слоевита и оригинална. Дефинитивно е поразлична од стандардните тинејџерски серии и љубовни драми.

Years and Years

Приказна за членовите насемејството Lyons чиј живот се менува во само една вечер. Серијата понатаму го следи животот на семејството во текот на 15 наредни години. “Years and Years” исто така говори за влијанието на политиката врз нашиот живот, приказна за колективната одговорност и потсетник дека ништо не трае засекогаш. Ако сте љубители на серии како “Black Mirrora”, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.

The Loudest Voice

Политички трилер базиран на книжевен бестселер, кој раскажува за Roger Ailes, основач на Fox News. За да можеме да ги разбереме случувањата кои довеле до порастот на модерната Републиканска партија, најпрво треба да го разбереме него. Серијата открива клучни настани од животот на Ailes кој станал водич на партијата, меѓу кои неговите искуства со светските лидери од кои се родила неговата политичка кариера, како и обвинувањата за сексуално вознемирување и договори кои довеле до крај на неговото владеење во Fox News.

Извор: www.buro247.hr

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.