Справете се со анксиозноста без употреба на лекови

0

Живееме со брзо темпо, во време на постојани технолошки промени, глобални социјални кризи и климатски промени. Младите не живеат толку безгрижно како што некогаш било, а секојдневието станува се постресно и постресно.

Светските истражувања покажуваат загрижувачки броеви на анксиозност застапенa кај возрасните, меѓу кои дел се справуваат и со посериозни потешкотии и нарушувања. Загрижувачки е фактот дека анксиозноста може да “нападне” без воопшто да забележиме и да ја сфатиме сериозно, особено поради вообичаените симптоми како чувство на мачнина, уплашеност, непријатност, вознемиреност и внатрешен немир. Помеѓу посериозните симптоми е необјаснив страв кој може да доведе и до паничен напад.

Анксиозноста е специфична психичка појава која за разлика од депресијата или пост-трауматскиот синдром, не се јавува во зависност на одреден настан или личност и токму затоа е тешко да се пронајде внатрешниот извор кој ја поттикнал појавата на анксиозноста.

Запознајте се подобро со анксиозноста

Физиолошката манифестација (која не се јавува секогаш со ист интензитет) е забрзано чукање на срцето, забрзано или плитко дишење, тремор, губење на здив и потешкотии за вдишување на воздух, болка во градите, чувство на слабост, мускулна напнатост, хипертензија итн.

Психичките знаци може да се јават како “избувливост” т.е. лесно губење на трпението, потешкотии во концентрацијата, песимистичко размислување и сомнеж за исходот на случувањата, потешкотии со спиењето, опсесивност, потреба за изолација итн.

Доколку ги препознаете раните симпоми кај себе или кај своите блиски, препорачливо е да се побара професионална помош, бидејќи анскиозноста не е сама по себе животно загрижувачка и трајна состојба.

Изборот на професионално лице е исто така многу важен. Доколку се обратите на психолог можете да ја потврдите психолошката дијагноза и да се осигурите дали симптомите навистина укажуваат на анксиозност. Чекорот кој би следел е посета на лиценциран психотерапевт и советник, со чија помош и водилка можете да го откриете изворот на тоа што ја предизвикала анксиозноста во вас, бидејќи тоа е единствениот сигурен начин вистински да се справите со оваа состојба.

Понекогаш не се потребни лекови за да се справите со анксиозноста

Многумина грешат и прифаќаат препишани лекови кои секако можат да помогнат, но само привремено. Анксиозноста ако не се третира правилно, може лесно да доведе до клиничка депресија, склоност кон супстанци кои создаваат зависност и сл. Сепак, фармакотерапијата понекогаш е и неопходна во зависност од многу фактори, но не со прескокнување на првите чекори од психолошката терапија.

Единствениот и сигурен лек е самоанализата и “работата на себе”, бидејќи кога веќе знаете што е она што предизвикало анскиозноста да се појави, многу полесно ќе се справите со било кои проблеми кои ќе се појават во иднина.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.