Што е Ноќ на вештерките и зошто се означува?

0

Празник што кој што во минатото се славеше во Америка, последните години почнува да се означува и кај нас. Не заради поврзаноста на нашето поднебје, туку заради фактот што е уште еден повод каде што може да се види креативноста на дело.

Ноќ на вештерките (или Halloween) е празник што се слави на 31 октомври. Потеклото на овој празник е келтскиот фестивал на „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите свети“. Ирските доселеници во Северна Америка донесле со себе верзија на нивната традиција. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со него вклучуваат шеги, посетување на „проколнатите“ места, палење на логорски оган, маскенбал, резбање на тиквички, читање на страшни приказни и гледање на хорор филмови.

Додека “преоблекувањето/маскирањето” во Северна Америка за прв пат е забележано во 1911 година, првиот печатен запис на терминот “Trick or Threat (Прелажи или Почести)” се појавува во 1927 година во Алберта, Канада.

Неколку работи што не сте ги знаеле за празникот:

  • Просечен Американец јаде околу 1.6 кг слатки работи.
  • Најголемата тиква на светот потекнува од Швајцаријa и тежи околу 950 кг, што е подеднакво на тежина на мал автомобил.
  • Празникот е финансиски многу исплатлив за трговците, веднаш после Божиќ. Според информациите кои ги пласира сајтот halloweennewengland.com, се претпоставува дека приближно околу 2,6 милјарди долари ќе бидат потрошени само на костими во САД, а 330 милиони долари ќе се потрошат само на костими за миленици токму за овој ден.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот