MustHave ова лето: Прекрасните модели на шешири од дизајнерката Хелен Камински

0

Шеширите се нешто без што не ни помислуваме да одиме на плажа, исто како крема со заштитен фактор. Брендот Helen Kaminski е традиција долги 35 години. Сестрите Олсен се меѓу првите кои го покажаа постоењето на овој бренд.

Дизајнерката уште при основањето на својот бренд ги изработувала рачно сите модели со рафиа (Raffia palm) и поради големата побарувачка вработила и повеќе луѓе. Одговорното и етичко производство се едни од приоритетите на овој бренд, а покрај рафиа, шеширите се изработуваат и од свила, монголски кашмир итн.

Оваа сезона брендот има колекција на сламени шешири со свилени траки и плетки, на кои тешко кој може да одолее. Велат дека квалитетот е без рок на траење, а летни шешири е нешто во што дефинитивно сакате да инвестирате,  пред се, поради заштита од јакото сонце.

Погледнете дел од новата колекција на брендот Helen Kaminski:

Извор: buro247.hr

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.