Moќна порака: “Не чекајте ден, ниту еден час. Направете го веднаш она што го сакате.”

0

Кирзанда Родригез, поранешнaта модна критичарка и активна блогерка, која 10 месеци безуспешно се бореше со агресивниот канцер, пред да се предаде на болеста, испрати моќна порака до сите нас:

“Имам нов автомобил паркиран пред мојата куќа што не може да направи ништо за мене. Имам многу брендирана облека, чевли и торби кои не можат да направат ништо за мене. Имам убаво опремена куќа што не може да направи ништо за мене. Имам пари на сметка што не можат да направат ништо за мене. Гледате, во моментов сум во болнички кревет, а можам да земам авион и да летам кој било ден во неделата каде и да сакам, но дали тоа помага? Затоа, не дозволувајте да се чувствувате лошо во врска со работите што ги немате, туку бидете среќни со работите што ги имате. Ако немате покрив над куќата што ви значи целиот мебел во неа? Најважните работи се животот и љубовта, затоа обидете се да уживате со оние што ги сакате.”

“Сепак мислите дека ви недостасува нешто за да бидете среќни? Ве молам, одете! Не размислувајте, туку одете, направете нешто. Не чекајте ден, ниту еден час, одете и направете го она што го сакате во моментов! Научете да ги прифаќате малите работи во животот, како вашата смисла да чувствувате, гледате и допирате.”

Кирзанда почина во септември минатата година, на 40 годишна возраст.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот