Почетокот на соработката помеѓу Wella и ORBICO прославенa со црно – бела VIP забава

0

Вчера, по повод новата заедничка соработка на ORBICO дистрибуција со специјализираниот бренд за нега на коса и бои – Wella, се одржа VIP забава во Event Center Square 21 на улица Македонија.

Настанот го водеше Марин Трпчевски, а главен збор зема бренд менаџерот и застапник за овој бренд во Македонија Лазe Пиштолов, кој накратко ги информираше присутните за историјата и влијанието на еден од водечките светски козметички компании ・Wella Professionals и им ја најави понатамошната соработка со овој бренд.

На настанот присуствуваа VIP личности (новинари, блогери, инфлуенсери и претставници на фризерски салони) познати на македонската јавност.
По краткиот говор, гостите се забавуваа со одлична забава со настап на DJ.

За брендот Wella Professionals:

Wella AG е главен германски производител за продукти на коса со седиште во Дармштат, Германија. Основан во 1880 година од страна на Франц Стерхер (фризер и бизнисмен), специјализиран е за нега на коса, стајлинг и бои, кои се продаваат на поединци, како и фризери.
Компанијата пред се се занимавала со изработка на подлогата, база за изработка на перики. Во 1890 година, тој ја измислил волшебната тулмоидна водоотпорна техника која што овозможува скалпот да дише. Во 1894 година, тој ја отворил својата прва фабрика во Ротенкирхен, Германија, а неговите синови Карл и Џорџ Стерхер набргу потоа се приклучиле кон семејниот бизнис.

Денес, со постоење на пазарот од 135 години, Wella Professionals претставува бренд кој е застапен во повеќе од 150 земји ширум светот.

Бидете во чекор со трендовите и негувајте ја вашата коса со професионалните производи од Wella.

Сите фотографии од настанот погледнете ги тука.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.