Што значи терминот “направено во Швајцарија”?

0

Точен како швајцарски часовник е фраза која широко се употребува од страна на луѓето. Обично, со тоа се дава опис на личност која никогаш не доцни на закажаното време.

Но, што всушнoст значи тоа, зошто луѓето се повикуваат на точноста, а посебно на квалитетот на швајцарските часовници?

Најлускузните часовници во светот се со швајцарско потекло, а ознаката може да се види одозгора и е веднаш забележлива или кај делот кој е во директен допир со рацете – барајте го знакот “Swiss-made.”

Етикетата за квалитет е создадена од швајцарската влада со цел да се има увид во изработката и оригиналноста на брендот. „Направено во Швајцарија/ Swiss-made“ е знак за дистинкција од останатите часовници во светот, како марка која има долга историја на постоење, точност и уникатна изработка, нешто на кое му веруваат корисниците, пишува Бизнис Инсајдер.

Престижот да се има швајцарски часовник е реален. Клиентите сакаат да платат и 20% повеќе со цел нивниот часовник да се издвојува од останатите и да има препознатлив квалитет.

Но, со текот на годините се покажа дека швајцарската етикета “направено во Швајцарија” не е толку тешко да се постигне како што беше порано.  Многу швајцарски компании увезуваат делови од странство, а потоа ги употребуваат во финалната изработка.

Правилата за изработка на часовниците беа зајакнати на почеток на месецот, но сè уште не се толку силни како на пример во САД, каде што часовник под етикетата „Направено во САД“ може да биде обележан само и ако само сите делови се од Америка, не увезени од друга земја.

Еве што велат новите правила, односно што е потребно еден часовник да добие потпис „Направено во Швајцарија“

1.Најмалку 60% од трошоците за производство да бидат во Швајцарија.

2.Производот мора да има најмалку 50% швајцарски изработени компоненти во однос на вредноста, не во однос на количината и најмалку 60 %   од нив да бидат произведени во Швајцарија.

3.Техничкиот развој на часовникот како производ мора да биде во Швајцарија и никаде на друго место.

Ова се правилата кои мора да ги почитуваат швајцарските производители на часовници, доколку нивниот бренд сакаат да биде со потпис „Направено во Швајцарија.“

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот