Првата париска концeпт слаткарница

0

Париз е центарот на модата, градот кој ја чува тајната на Мона Лиза, уметноста на Монмартр, но Париз воедно е и вистински гастрономски рај, посебно за љубителите на слатките работи.

Во неговите улици се кријат бројни мали и прекрасни слаткарници кои нудат врвни колачи и торти. Едно такво место е Fou de Pâtisserieu, слаткарница со нов концепт. Местото го отвориле  Julie Mathieu и Muriel Tallandier, дуо кое на париската јавност и е познато по магазинот посветен на слатките работи кој го носи со истото име.

Она по кое ова место е славно е несекојдневната понуда на слатки од најпознатите готвачи од француските ресторани кои за првпат во историјата прифатиле своите мали ремек дела да бидат послужени надвор од ресторанот каде што работат.

13237830_10210047162963469_8063202413839152645_n 13254121_10210047163203475_2222532591427802264_n

13237657_10210047163083472_5696055001966514908_n

13263867_10210047163003470_9153269080531851911_n - Copy

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот