Говорот на Опра Винфри го дигна цел Холивуд на нозе

0

Овој говор не само што се смета за еден од највлијателните во историјата на престижните филмски награди, туку важи и за еден од најзначајните досега.

Во центарот на вниманието беше ТВ водителката и продуцентка Опра Винфри.
Таа синоќа оддржа незаборавен говор во знак на протест против сексуалното насилство.

Опра Винфри ја доби престижната награда Cecil B. DeMille која се доделува на влијателните талентирани поединци во светот на шоу бизнисот.

Таа им се заблагодари на новинарите кои ѝ ја дoделија оваа награда, велејќи, меѓу другото, дека тие се под сериозен притисок особено денес кога е тешко да се борат за вистината.

“Вечерва сакам да ја изразам својата благодарност до сите жени кои преживеале години на злоупотреба и напад, бидејќи тие, како и мојата мајка, имале децата кои морале да ги нахранат, воедно и да ги плаќаат сметките и кои сонувале дека ќе успеат во тоа.

Тоа се жени чии имиња ние никогаш нема да ги дознаеме. Тие се домаќинки, работат на фарма, работат во фабрики, работат во ресторани, академии, се занимаваат со инженерство, медицина и наука, тие се дел од технолошкиот свет, политиката и бизнисот, тие се наши спортистки на Олимписките игри и најпосле, тие се наши војници “.

Водителката во својот говор се присети и на случајот на Реј Тејлор, црнкиња која беше киднапирана и силувана од шестмина мажи во Алабама во 1944 година. Кога нејзината приказна беше објавена од NAACP, истражителката Роса Паркс која го водела нејзиниот случај, била немоќна да стори било што за да направи сторителите кривично да одговараат за ова злодело.

„Реј Тејлор почина пред десет дена, во пресрет на нејзиниот 98-ти роденден. Таа живееше како сите нас, премногу долго во култура создадена од брутално моќни мажи. Премногу долго, никој не ги слушаше овие жени или не им веруваа кога се обидуваа да ја кажат вистината за моќта на овие луѓе. Но, нивното време помина. “, рече Опра и ја подигна целата сала на нозе.

“Сакам сите девојки кои го гледаат ова да знаат дека новиот ден е зад хоризонтот. И кога конечно ќе биде освоен, тоа ќе биде благодарение на бројните величенствени жени, од кои многумина се тука вечерва во оваа соба, но и многу феноменални мажи што нѐ слушаа и енергично се бореа да станат лидери кои ќе нè водат до време кога никој друг нема да каже “и јас” (што е хаштаг за движењето “и јас” на сите злоупотребени жени)

Инспиративниот говор на Опра Винфри

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.