Поинакви, интересни факти за соништата

0

Сонувањето е едно од најмистериозните и интересни искуства во нашиот живот.
Одамна се мислело дека соништата се пораки од боговите. Ни денес не е непознат факт дека соништата навистина имаат значење, но сеуште не сме целосно запознаени со сите негови аспекти.

Науката овој пат ни нуди одговори на неколку интересни прашања за соништата, кои верувам дека сите бар еднаш сме си ги поставиле…  

Мажите и жените сонуваат различно
Во соништата на мажите се поприсутни други мажи, колку и невообичаено тоа да звучи. Околу 70% од ликовите во машкиот сон, се други мажи. Од друга страна, сонот на жената содржи речиси еднаков број мажи и жени. Настрана од тоа, мажите генерално имаат поагресивни емоции во своите соништа отколку женскиот дел.

Емоции
Кога сме кај емоциите, најчестата во човековите соништа е вознемиреноста. Негативните емоции се почести отколку позитивните.

Може да имате четири до седум соништа во една ноќ. –Во просек, секоја вечер може да сонувате од еден до два часа.

И животните сонуваат
Студиите се направени на многу различни животни, и сите тие ги покажуваат истите мозочни бранови за време на сонување како кај човекот. Погледнете куче/маче кое спие и ќе забележите дека повремено неговите капаци се мрдаат исто како кај човекот, а можеби ќе забележите и други знаци во зависност од сонот на животинчето (мрдање шепи, доколку трча во сонот, испуштање звуци, како да воздивнува…).

Не сите соништа се во боја
Колку и да звучи неверојатно, дури 12% од луѓето со нормален вид сонуваат исклучиво во црно и бело. Останатиот број сонува во боја. Студиите од 1915 до 1950-тите тврделе дека поголемиот дел од соништата се во црно-бело, но овие резултати почнале да се менуваат во 1960-тите. Денес само 4,4% од соништата на лица под 25 години се црно-бели. Неодамнешните истражувања сугерираа дека овие променливи резултати може да се поврзани со напредокот на технологијата, односно со промената од црно-бела телевизија во телевизија со боја.

Во нашите соништа, гледаме само лица што веќе ги знаеме
Не измислуваме лица во нашиот ум кога сонуваме.  На секој од нас бар еднаш му се сличоило да сонува одреден лик за кој тврди дека никогаш претходно не го видел, но науката тоа го објаснува со ограничениот мозочен капацитет кој го поседуваме, односно дека ние некогаш во животот макар и на една секунда сме ја виделе таа личност, а неговиот лик останал во нашата меморија, но не во свесниот дел. Соништата ја рефлектираат нашата потсвест, па затоа не е чудно ако некое од илјадниците лица што поминале во нашето секојдневие – го сонуваме.

Слепите луѓе исто така сонуваат
Едно од прашањата кои сигурно поминале низ вашиот ум. Да, слепите луѓе сонуваат, дури и оние кои се родиле слепи. За оние кои останале слепи поради несреќна околност, но некогаш претходно гледале – сонуваат исто како секој нормален човек, со слики, врз база на она што во текот на својот живот нивниот мозок го меморирал. Оние кои се слепи од раѓање, не гледаат слики бидејќи нивниот мозок нема на што да се потпре, но нивните соништа се подеднакво живи, вклучувајќи ги  другите чувства на звук, мирис, допир и емоции.

Забораваме 90% од нашите соништа
Понекогаш се будиме наутро и се чувствуваме како да не сме сонувале ништо. Според научните објаснувања, тоа не е точно и секој човек сонува, а објаснувањето е дека ги забораваме соништата. Најчесто, во рок од 5 минути по будењето половина од сонот е заборавен, а во рок од 10, 90% е исчезнат.

Доколку сакате да ги запомните вашите соништа и мислите дека тие се важни, кликнете тука за да дознаете како да го сторите тоа.

Соништата се симболични
Ако сонувате за некој конкретен предмет,  тој предмет веројатно носи подлабока симболика во споредба со целосна содржина на вашиот сон. Сонот всушност зборува на длабоко симболичен јазик и одговорот нема да го најдете во некој онлајн соновник, бидејќи соништата се лични и индивидуални прикази. Значењето на симболот можете да го пронајдете само во себеси.

Парализа на телото
Појава која сите ја чувствуваме во моментите кога тонеме во длабок сон. На секој од нас му се случува да биде полу-буден и свесен за надворешните звуци, но да не може да се помрдне, ниту да ги отвори очите, а набргу потоа конечно заспива. Тоа всушност се нарекува РЕМ фаза.
Спиењето со брзо движење на очите (РЕМ) е нормална фаза на спиење која се карактеризира со брзи движења на очите. РЕМ спиењето кај возрасни луѓе обично зафаќа 20-25% од вкупниот сон, околу 90-120 минути од спиењето на ноќта.

За време на РЕМ спиењето, телото е парализирано од механизам во мозокот, со цел да се спречат движењата кои го предизвикуваат телото физички да се движи додека спиеме.
Сепак, постои можност овој механизам да се активира намерно, пред, за време или по нормалниот сон додека мозокот се буди.
*Некои луѓе доживеале непријатно искуство за време на РЕМ фазата, односно халуцинации за кои биле немоќни да ги спречат. Бидејќи луѓето се луцидни во оваа фаза, тие секогаш можат да се потсетат дека она што го гледаат пред себе не е реално и без разлика што не можат да го помрднат своето тело, со својот ум можат да го прекинат непријатното искуство.

Проекција од реалноста
Ви се случило некогаш да се разбудите со мелодија на некоја песна во вашата глава, која можеби не сте ја знаеле претходно, па се прашувате како е возможно да сте го сонувале тоа?
Логичното објаснување е дека нашиот ум ги толкува надворешните стимули со кои нашите сетила се бомбардирани кога спиеме и тие стануваат деч од нашите соништа. Ова значи дека понекогаш во нашите соништа слушаме звук од реалноста и го инкорпорираме на некој начин.
Во горенаведениот случај, ја сонуваме песната бидејќи додека спиеме таа била пуштена на радио во истата просторија.

Предвидување на иднината преку соништа
Појава, која исто така се нарекува знак за иднината, се однесува на перцепцијата која вклучува стекнување на идни информации што не можат да се извлечат од моментално достапни или нормално информации базирани на логика.
Резултатите од неколку истражувања покажуваат дека помеѓу 18% и 38% од луѓето доживеале барем еден ваков сон, а 70% доживеале дежа ву. Процентот на лица кои веруваат дека навистина  сонувале сон кој ја предвидува иднината е уште поголем – во просек од 63% до 98%.
Дали е ова некоја надприродна појава или постои логично објаснување -сеуште не е познато, ниту докажано.

Кога мислите дека сте доживеале оргазам во сон – тоа е навистина така
Не само што сексуалното задоволство е подеднакво пријатно во сонот, како и во реалноста, исто како и оргазмот во вистинска смисла, дури кога нашето тело лежи мирно (кога спиеме).
Чувствуваме исто задоволство при допирите во сонот (можеби дури поинтензивно), како и во реалноста.  Зошто и како е ова возможно? –Сеуште не знаеме.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот