Знаете ли дека осуммината најбогати луѓе на светот имаат богатство колку половина светска популација?

0

Верувале или не, но осум луѓе во светот поседуваат богатство колку половината од целокупната светска популација.

Овие податоци ги соопшти Оксфам, британската хуманитарна организација пред почетокот на годишниот собир во Давос.

Разликата помеѓу најбогатите и најсиромашните е толку драстично голема што се претпоставува дека со богатството на најбогатите можат да се нахранат неколку светски нации, да се изградат водоводни мрежи кои би донеле чиста вода во сите села во Африка или да се вложат пари за да се најде лек за некоја од најсмртоносните болести.

Магазинот Форбс, кој секогаш се насочува кон НАЈ категориите, овој пат ја презентираше и листата на најбогати луѓе во светот за 2016 година.

На прво место и овој пат е Бил Гејтс, ко-основачот на Микрософт чиешто богатство се проценува на 75 милијарди долари. Веднаш зад него е Амансио Ортега, основачот на Зара и сопственик на Индитекс, кој „тежи“ 67 милијарди долари. На трето место е Ворен Бафет, најголемиот акционер во Беркшир Хетавеј. Неговото богатство изнесува 60.8 милијарди долари.

Карлос Слим, сопственикот на групацијата Царско има 50 милијарди долари. Зад него е Џеф Безос, основачот на Амазон има богатство од 45,2 милијарди долари.

На шесто место е Марк Зукерберг, ко-основачот на Фејсбук кој има богатство од 44.6 милијарди долари. Ларсон Елисон, ко-основачот на компанијата Оракл на својата сметка има 43,6 милијарди долари.

Последен на оваа листа е Мајкл Блумберг, сопственикот на Блумберг, а неговото богатство е „само“ 40 милијарди долари.

Оксфам повика на похумана економија во светот и апелирале до светските влади да им наметнат поголеми даноци на богатите, да ги намалат платите на директорите и да ги укинат даночните олеснувања до нив.

Дали некој од овие апели ќе дојде до нив, останува да видиме.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот