Зошто е добро да вежбаме во природа?

0

Редовното вежбање позитивно влијае на здравјето и целиот организам, а истражувањата покажаа дека резултатите се уште подобри ако вежбате на отворено.

Се подобрува расположението

Студиите покажуваат дека личностите кои вежбаат во природа се подобро расположени, за разлика од личностите кои вежбаат на затворено. Стручните лица утврдија дека вежбањето во природа ја намалува напнатоста, лутината и симптомите на депресија. Се стекнувате со многу поведар дух и нервозата исчезнува.

Се подобрува помнењето и концентрацијата

Личностите кои секој ден пешачат 20 минути во природа, имаат подобро помнење и концентрација.

Се зголемува нивото на енергија

Вежбањето го зголемува нивото на енергија многу повеќе од чаша кафе или чај, особено ако вежбате во природа.
Само 20 минути одмор во природа е доволно да се зголеми енергијата во телото. Најдобар извор на витамин Д е сонцето. Ова е причина плус да започнете да уживате во благодетите на природата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар