Ајде да готвиме: Предјадење сирење со пршута, а на главното мени кременадла

0

Во рубриката “Ајде да готвиме” Ивона Христова готвеше за вас:

За предјадење Ивона подготви сирење со пршута во кора. Еден лист кора се мачка со масло, над неа во средина се става парче пршута, а потоа сирење(по желба може да се зачини со зачини по желба кои вие ги преферирате.)

Ивона препорачува копар како најдобра комбинација со сирење.

Сето ова е проследено со печена пиперка, лук, магдонос и домат, измешано со кромид.

За главното јадење подготви кременадла која претходно треба да отстои во масло 12 часа, на студено ви фрижидер. Се пече на скара, а како гарнир се додава печен компир кој се подготвува на следниов начин:

Компирот се сечка и се зачинува со црвен пипер, рузмарин и сол. Се става масло и многу малку вода. Се пече под фолија, а штом омекне се трга фолијата за да добие коричка.

Уживајте!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.