Овој викенд голема забава во Skopje City Mall по повод 7ми роденден!

0

Време е гооолема забава, мноооогу награди и шооопинг лудило во Skopje City Mall за нашиот 7ми роденден!

По повод 7-от роденден  обезбедивме богатата роденденска програма, за сите посетители на Skopje City Mall, каде ќе имаат возбудливо шопинг искуство од 4ти до 6ти октомври со големи попусти.

Забавата започнува во петок кога имаме соба за гости до Тино и Атанас од 13:30 до 18:30 часот.

Во склоп на родеденот Нептун во Скопје Сити Мол организира Gaming Event на 05.10.2019г. од 11-15ч во на 2-ри кат. За натпреварувачите се обезбедени 100 гејминг награди, а победникот добива: гејмерски стол, гејмерски маус, гејмерска тастатура, гејмерски слушалки и мауспад. Пријавата и учеството се бесплатни, пријавете се и бидете вие шампионот!

Гејминг натпреварот ќе се одвива во гејминг зоната во новата Нептун продавница во Скопје Сити мол на 2-ри кат. Пријавените и селектираните натпреварувачи ќе играат дуели на елиминација по случаен распоред, се до финале каде ќе биде прогласен победникот.

Пријавувањето трае до 02.10.2019 до 23.00ч. Право на учество имаат гејмери со минимум наполнети 16 год. Местата се ограничени! Овој настан е од пријателски и промотивен карактер и без разлика на наградите предпочитаме фер и коректни натпревари и пред се дружба! Пријавете се на овој линк: http://bit.ly/2nR5t1U

А од 18:00 до 19:00 часот ги имаме оркестар Brasset кои ќе шетаат низ нашиот трговски центар со супер музика!

Конечо на наше големо задоволство ги имаме Александар Митевски и Драган Спасов – Дац од 19:30-21:00 часот!.

А, во сабота започнува големото шопинг лудило од 10 часот.

За најбрзите од вас, кои ќе направат шопинг обезбедивме шопинг ваучери во вредност од 1,000.000 денари.

  • Со фискална сметка издадена на 05.10.2019 во износ од 5,000.00 ден. до 9,999.00 денари посетителот добива (2) два шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 1,000.00 денари
    • Со фискална сметка издадена на 05.10.2019 од 10,000.00 до 19,999.00 денари посетителот добива (3) три шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 1,500.00 денари
    • Со фискална сметка издадена на 05.10.2019 од 20,000.00 денари и поголема сума посетителот добива (4) четири шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 2,000 денари

    Се што треба да направите е да дојдете на нашиот штанд и да ја прикажете сметката. Не заборавајте…. само НАЈБРЗИТЕ од вас добиваат. Затоа на 05.10.2019 сите на шопинг… КОЈ РАНО РАНИ, ПОПУСТИ ГРАБИ!

    А од 17:00 до 21:00 ќе ве забавуваат неколку домашни бендови, кои со сигурност ќе направат незаборавна забава.

    Во недела продолжуваат попустите, а на програма имаме од 11 до 13 часот работилници за најмладите, ЛЕГО турнир од 12 до 14 часот. Пријавување за Лего турнир 

    Oд 14:00 часот имаме и гооооолем  детски мјузикл

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот