Мајкл Корс, парфем за силните мажи

0

Мајкл Корс не дизајнира само за силните жени, туку и за силните мажи.

Пристигнува најновиот парфем за мажи, Мајкл Корс за мажи, инспириран од џет сетерите.

Парфемот е креиран според Мајкл Корс – човекот кој е секогаш во движење и човекот кој секогаш знае да ја избалансира урбаната софистицираниот и солидниот стил.

Мајкл  Корс за мажи содржи светла, свежа нота на бергамот, засилена со тревни тонови на елеми, мајчина душица и црн пипер, коријандер и анасон. Топлината на темјанот и мазноста на велурот споени со ароматични квалитети на жалфија, создаваат еден уникатен парфем за мажите кои освојуваат. Овој модерен парфем за мажи е збогатен со земјената сенузалност на пачули, сандалово дрво и мирис на  елегантната шума, збогатени со мошус, за да се добие чиста и природна суштина на парфемот.FY14_MK_Mensbottle_wcarton_layered-2

Овој парфем е за маж кој се грижи за неговиот изглед и стил. Парфем кој ги обединува модерниот и ориенталниот мирис со нота на зачини и нијанса на ароми за мажите кои знаат што сакаат од животот.

“Мајкл Корс бил секогаш пред своето време и тоа важи и за овој парфем “  вели Труди Лорен, заменик претседател на Корпорацијата Estee Lauder која ја има ексклузивната лиценца за Мајкл Корс парфемите.

Парфемот во Македонија ќе биде достапен во Anabella Beauty Spot парфимериите, Космо дрогериите и Shatze парфимериите. Колекцијата е дополнета и со балсам за после бричење и гел за туширање.

MK Men Hair & Body Wash

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар