Тајниот живот на Марлин Дитрих

0

За јавноста таа била таинствена, а со нејзината уникатна убавина ги маѓепсувала сите околку себе. Марлин Дитрих е една од најпосебните глумици на 20век, родена во Берлин, 1901 година, од мали нозе покажувала интерес кон поезијата и театарот.
Се пробала и како виолинистка, но откако ја повредила раката се фокусирала на професионалниот живот како глумица.

Во 30те години на 20век се преселила во Америка и таму потпишала договор со голема продуценска куќа. Со тоа Марлин станала директна ривалка на тогашната популарна Грета Гарбо која била ѕвезда на друга продуцентска куќа.
Филмот „Плав анѓел“ ја направил една од најголемите ѕвезди, но ривалот кој постоел помеѓу неа и Грета Гарбо бил само игра за публиката. Наводно овие две глумици се знаеле од порано, а едно време биле и љубовници.


Инаку, според тврдењата Марлин била во отворен брак со режисерот Рудолф Зибер, но и двајцата уживале во приватноста на страна. Тој со жени додека, таа и со жени и со мажи. Била и во однос со популарната француска писателка Едит Пјаф.
Марлин уживала во „слободниот“ начин на живеење и имала многу љубовници меѓу кои Гари Купер, Кирк Даглас, Френк Синатра, Џон Вејн и многу други.
Иако била по потекло од Германија, жестоко се противела на политиката на Хирлер и самоволно се понудила да биде подршка на војниците во војна.

Многумина го фалеле нејзиниот изглед и карактеристичните јагодици заради кои таа извадила здрави заби како би го сочувала убавиот изглед. Последните 11 години од нејзиниот живот ги поминала во станот во Париз, криејќи се од луѓето бидејќи не сакала никој да ги види нејзините брчки. Живеела 91 година, а умерела во 1991та.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.