Евровизиски песни кои се вредни за паметење

0

Следниот месец од 9 до 13 мај, ќе се одржи Евросонг, ќе се бира најдобрата европска песна уште еднаш, а наш претставник е Јана Бурчевска.

Токму затоа, решивме да ве потсетиме на најголемите хитови низ годините на кои се сеќаваме. Голем дел од нив се и победнички песни, а останатите остаа да се слушаат засекогаш.

Во 1989 година групата Рива ја претставуваше Југославија и ја донесе победата дома. Песната се викаше “Rock me”

Имани ја претставуваше Велика Британија во 1998 година, настапи со “Where are you”.

Тоше Проески ја претставуваше Македонија во Турција во 2004 година со песната “Life” кој донесе пласман во финалето.

Истата година на сцената одличен настап и песна имаа и домаќините, групата Атена со нивната “For Real”

Хелена Папризу ја претставуаше Грција во 2005, уште еден евровизиски хит, “My Number One” и ја донесе победата на својата земја.

Победникот од 2009 година беше Александар Рибак, кој настапуваше за Норвешка со “Fairytale”.

Следната година германката Лена настапи за Германија и победи. Песната се викаше “Satellite”

Во 2012 Шведска ја претставуваше Лорин и победи со “Euphoria”

Во 2013 Емели де Форест победи во име на Данска со песната “Only Teardrops

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот