Kако да носите црно оваа сезона – 3 модни додатоци со најголем ефект

0

Секоја модна комбинација може да биде впечатлива на свој начин. Но, кога станува збор за црн аутфит, луѓето се скептични дека тоа дава сериозност и здодевност во изгледот. Токму затоа, ова лето разиграјте ја црната комбинација со неколку интересни додатоци.

Бели патики

Освен тоа што се тренди сами по себе, белите патики се одличен контраст во комбинација со црн стајлинг. Може да се носат со едноставна комбинација како црни фармерки и класична маица, но и со одело, здолниште или фустан. Не можете да погрешите со нив. Одберете ја комбинацијата во која ќе се чувствувате најубаво и најудобно.

Шарена марама

Дали постои нешто што повеќе асоцира на лето од арама во многу бои? Овој моден додаток има посебен шарм на секој аутфит, а најубаво доаѓа до израз со монохроматски комбинации.

Чанта

Впечатлива чанта која оди буквално на секоја црна комбинација. Големината, дизајнот и обликот одберете го вие и ќе имате непогрешлив ефект на околината. Важно е да биде необична и несекојдневна што одлич о ќе го надополни стилот.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.