Францускиот бренд за накит Nina Box со нова локација во центарот на Скопје

0

Најубавите работи се случуваат спонтано, со причина и во вистинско време. После 5 години постоење, вчера со почеток во 18 часот, официјaлно беше отворено новото продажно место на францускиот бренд за накит Nina Box.

Меѓу поканетите гости беа и дел од македонските инфлуенсери кои имаа можност да погледнат дел од новата колекција и уште еднаш да се уверат во квалитетот и уникатноста на брендот.

На самиот почеток, на гостите им се обрати сопственичката и генерален менаџер на Nina Box Macedonia, Гордана Костадиновски.

Уникатност, убавина, посебност, кристали и привлечност се првите неколку работи кои го опишуваат накитот Nina Box.

Nina Box e француски дизајниран накит изработен со SWAROVSKI кристали.

Во понудата се наоѓаат парчиња накит потпишани од самата дизајнерка.

Секое парче е впечатливо и секое може да си го најде својот сопственик. Накитот Ве бира Вас драги дами, накитот го одразува Вашиот карактер, стил и начин на живот.

Велат дека ако носите обичен накит, тогаш луѓето ќе го запаметат накитот. Но, ако носите елегантен накит, луѓето ќе ја запаметат жената која го имала на себе“ – рече г-ѓа Костадиновски.

По завршувањето на официјалниот дел, гостите продолжија да уживаат во атмосферата на настанот.

Скопје доби ново место во центарот на градот за отмен и уникатен накит со француски потпис.

Локацијата е во Центар, на булеварот „Партизански Одреди“, во близина на 7g Espresso.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот