Девиците се претерано самокритични, шкорпиите се плашат да покажат слабост

0

Секој човек е целина од уникатна комбинација на доблести и мани, слабости и силни страни.

Иако многу фактори влијаат врз тоа во какви личности ќе се оформиме, ние ви нудиме мал астролошки увид во најголемите несигурности на секој хороскопски знак…

Овен
Не внимавате какви зборови изговарате и ретко сте загрижени дека сте кажале нешто погрешно. Склони сте да делувате пред да размислите, па истото важи и за она што го зборувате.
Се плашите дека поради оваа мана можете да уништите некоја убава можност за вашата иднина.

Бик
Можете лесно да станете несигурни за она што го имате кога се споредувате со останатите. Без разлика колку материјални нешта поседувате, секогаш посакувате повеќе, особено ако некој друг поседува нешто што ви се допаѓа и тоа ве прави несигурни.

Близнаци
Вашата слабост се активира кога на фејсбук ќе видите фотографии од некое социјално случување на кое не сте биле присутни или повикани. Секогаш сте жедни за забава и дружење, но не секогаш можете да бидете присутни насекаде.

Рак
Кога се чувствувате лошо, тоа го доживувате премногу интензивно. Мислите дека сте им товар на другите во животот. Барате премногу внимание и посветеност од личностите околу вас и се плашите да не ги изгубите. Премногу се врзувате за луѓето и тоа често ве прави несигурни.

Лав
Блиски сте со многу личности, но понекогаш чувствувате дека луѓето да се сомневаат во искреноста на вашиот однос и претставата на својот идентитет.
Запомнете дека оние личности кои вистински ве сакаат и ценат, секогаш ќе го бараат вашето присуство и ќе уживаат во него. Затоа, немате за што да се грижите и обидете се да се однесувате природно.

Девица
Претерано сте самокритични и секоја најмала работа поврзана со вас се претвора во огромна несовршеност во вашите очи. Не трагајте по совршенство, бидејќи тоа е илузија. Ценете ги своите мани, тие се белег на вашиот идентитет исто како и доблестите.

Вага
Се вознемирувате кога ве осудуваат и затоа настојувате да бидете на дистанца од било каква ситуација во која би биле осудени. Но, на тој начин си поставувате блокади кои го стагнираат текот на вашиот живот. Најпосле, зошто да се грижите што мислат за вас луѓето кои не ви се важни?

Шкорпија
Имате силно изразена способност да покажувате и примате љубов, но, кога потонувате го правите тоа далеку од сечии очи. Не можете да ја поднесете помислата некој за вас да мисли дека имате слаби страни. Запомнете, кога покажувате ранливост тоа не значи дека сте немоќни – само ќе ви подаде рака во знак на поддршка.

Стрелец
Понекогаш станувате несигурни за своето образование. Знаете да бидете остроумни и многу цените разумни дискусии, но, сепак некогаш се чувствувате како да не допираат до вас одредени теми. Можеби не знаете се од областа на математиката или природните науки, но вашата отвореност кон откривањето на светот е супериорна форма на образование.

Јарец
Често ве преплавува чувство дека не сте постигнале доволно, што е навистина неочекувано бидејќи никој не е стручен и посветен како што можете вие да бидете. Вашите амбиции постојано растат и ретко сте задоволни од крајниот резултат, иако е одличен.

Водолија
Живеете со мислата дека сте уникатна индивидуа, но често ве измачува помислата дека сепак не сте необични и во суштина сте исти како и секоја друга личност – човечко суштество. Не заборавајте, какви и да сте- единствени сте.

Риби
Трошите многу енергија размислувајќи што мислат другите за вас, наместо таа енергија да ја насочите кон создавање на нешто креативно и корисно. Ваквите мисли ве исцрпуваат и ве прават нервозни.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.