Амстердам, еден од најубавите градови во Европа

0

Амстердам е главен и воедно најголем град во Холандија. Градот има богата архитектонска историја. Амстердам е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, која годишно има повеќе од 4,63 милиони интернационални туристи.

Град со карактеристична холандска архитектура, канали, бродчиња и мостови, град со боемски дух и неверојатна атмосфера. Она што го прави специфичен за сите туристи се водено такси, воден автобус, електрични чамци што се изнајмуваат, како и патувања по каналите кои служат за пренос на патници по воден пат.

Интересно е дека Амстердам е најпријателски настроениот град кон велосипедистите во цела Европа. Тој е огромен град со велосипедска култура и добри услови за велосипедистите како патеки и цели коловози за велосипедисти.

Во исто време овој град е музеј на отворено, ризница на значајни објекти и споменик под отворено небо, но и модерна европска престолнина.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот