Мејк ап туторијал: Како да се нашминкате беспрекорно?

0

Кој вели дека ни се потребни многу пари за пластични операции и козметички третмани за да ги корегираме оние нешта кои ги сметаме како недостаток на нашиот изглед?

Се што ни е всушност потребно е малку знаење и неколку мејк ап трикови…

Посакувате пополна усна или малку поинаков облик од она што природата ви го дала? Кој вели дека не постои решение за тоа?

Се вели дека шминката е уметност и навистина е така. Со само неколку едноставни чекори и нанесувања на квалитетно моливче и кармин, ќе добиете неодоливи, полни усни.

Clinique Quickliner For Lips Intense моливчето за усни лесно се нанесува и е одлично за оваа намена. Изгледот надополнете го со карминот на Max Factor – Colour Elixir Lipstick.

Clinique Quickliner For Lips Intense
Max Factor – Colour Elixir Lipstick

Кој вели дека треба да поседувате посебни вештини за вашето лице да изгледа како да било допрено од рака на професионалец?

Секоја жена, како резултат на секојдневното користење на шминка си го познава своето лице подобро од било кој друг и поседува основни мејк ап вештини.

Сепак постои разлика помеѓу обично нанесување на ајлајнер и уметност во бои.
Smokey-eye изгледот е совршен за оваа намена, бидејќи остава простор за експериментирање со боите и може да се прилагоди на сечија форма на око.

Следете ги овие едноставни чекори и заблескајте…


Сепак, оваа техника бара одредено предзнаење и квалитетна палета на сенка за очи, доколку не сакате да излезете од дома како цртеж на вашето мало дете.

Брендот Bobbi Brown е експерт за оваа мејк ап техника и неговите производи се совршени за да го доловат посакуваниот ефект. Ви ја препорачуваме Bobbi Brown Downtown Cool Eyeshadow Palette сенката за очи.

Bobbi Brown Downtown Cool Eyeshadow Palette

Жените со ретки и премногу светли веѓи, па мораат неколку пати во текот на денот да ги исцртуваат и обликуваат, често размислуваат да фрлат огромно сума на пари за козметичко корегирање на овој недостаток.

Добрата вест е дека постои мала тајна и нормално, потребен е квалитетен производ (моливче, сенка или маскара за цртање веѓи) за вашите веѓи да изгледаат природно, прекрасно и да траат во текот на целиот ден, односно да не се размачкуваат.

Не ви се потребни посебни способности за да успеете, само следете ги овие неколку едноставни чекори и ќе бидете воодушевени од крајниот резултат.

Ви го препорачуваме моливчето за веѓи на Estee Lauder – The Brow Multi Tasker Expert Sourcils 3-en-1.

 

Estee Lauder – The Brow Multi Tasker Expert Sourcils 3-en-1

Овие производи можете да ги најдете во парфимериите Anabella низ Македонија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.