Тешкиот живот на жирафите

0

Жирафите се највисоките цицачи во светот, благодарение на нивните високи нозе и долги вратови. Овие животни се секогаш интересни за набљудување, поради нивниот специфичен изглед и начинот на кој функционираат во нивната животна средина. Иако ги доживуваме како грандиозни и убави, животот на една жирафа не е премногу лесен.

Вообичаено овие фасцинантни животни живат во Африка, низ отворените тревни површини во групи од 6-7 единки.

Нозете на жирафата се повисоки од повеќето луѓе, нивната висина изнесува околу 1,8 метри, кои и овозможуваат на жирафата да трча до 60 километри на час на кратки растојанија и околу 20 километри на час на подолги растојанија, што ја прави лесен плен за брзите животни.

Сè на жирафата е долго… Дури и нејзиниот јазик е долг. Со 53 сантиметри должина, жирафите можат со јазикот да берат плодови од гранките. Тие се преживари, исто како кравите. Бидејќи јадат стотици килограми листови неделно, мора постојано да патуваат во потрага по храна.

Тешко и опасно е кога жирафите пијат вода. Тие ги шират нозете и речиси легнуваат во незгодна позиција што ги прави особено ранливи за животнитите кои може да ги нападнат. Сепак, најголемата предност им е што поради висината може да ги забележат предаторите од далеку.

Женката го раѓа малото стоејќи на нозе. Младенчето мора да го издржи падот од речиси 1,5 метри при раѓање. Младенчињата на жирафите можат да станат половина час после раѓање, а после десет часа можат нормално да трчаат. Жирафите имаат и многу интересна „облека“. На светот, не постојат две жирафи со идентични шари. Исто така, тие имаат и рогови кои се покриени со влакна.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот