По повод „Светски ден на животните“- вечерва хуманитарна забава за бездомните

0

4 Октомври е празник на сите животни. Светскиот ден на животните се празнува ширум светот со хуманитарни настани за помош на нашите четириножни пријатели. По тој повод, вечерва граѓанската иницијатива „Кане Корзо“ и пријателите организираат хуманитарна забава за помош на бездомните кучиња во Скопје.

Настанот е со почеток од 20:30, а локацијата е „Пивница Стар Град“. На забавата ќе има едукативен дел, мини базар, како и музички и танц перформанси. Мотото на настанот е „All we need is paws”.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.