„Не правам ништо посебно, освен што добро се забавувам со работата, а луѓето ми даваат пари за тоа“ – Роберт Де Ниро

0

„Моите деца се многу нормални млади луѓе кои се посветени на остварување на нивните соништа и не се оптоваруваат со тоа што другите мислат за нив. Ни ги фасцинирам ни најмалку, дури се однесуваат како да работам во рудник да речеме“

Актерот Робер Де Ниро Џуниор е роден на 17 август 1943 година во Њујорк од родителите Робер Де Ниро, апстрактен експресионистички сликар, вајар и поет со италијанско потекло и сликарката Вирџинија Адмирал.

Неговата љубов кон татка си ја покажува со снимање на документарецот за него со наслов “Remembering The Artist Robert De Niro Sr“ каде што го опишува како голем уметник збунет од светот заради својата сексуална ориенатација.

„Веројатно бил во конфликт со себе, посебно живеејќи во тоа време. Како мал не бев свесен за тоа. Посакувам да зборувавме повеќе на таа тема. Мојата мајка не беше многу по зборувањето, а мене во тие години и не ме интересиrаше премногу тоа. Не бевме типични татко и син, не игравме кошарка заедно, но имавме посебн врска иако не поминуваме многу време заедно. Ме обожаваше, како што јас ги обожавам своите деца“ – пишува Elle.rs.

Првата значајна улога ја добива во 1969 година, на 25 годишна возраст во филмот на Брајан Де Палма „The Wedding Party“, за кој добива хонорар од 50 долари. Вниманието на јавноста го добива во 1973 година со улогата на Јonny Boy во филмот „Mean Streets“.

Следуваат незаборавните улоги во филмовите Taxi Driver, Good Fellas, Heat, Casino The Godfather Part II, Raging Bull, The Deer Hunter, A Bronx Tale, Once Upon a Time in America, This Boys Life…

Во 2003 година му беше дијагностициран рак на простата, но благодарение на неговата добра здравствена состојба и навемено отркивање, брзо се опорави.

Последното на професионален план е новиот филм на Netflix кој треба да излезе наскоро со наслов The Irishman, во режија на неговиот омилен режисер и долгогодишен соработник, Мартин Скорсезе.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот