Надежта е добра работа, можеби најдобрата од сите. А добрите работи никогаш не умираат

0

Бегство од Шошенк “ е филм кој минатата година од страна на луѓето кои гласаа на анкетата на Showcase Cinemas  беше прогласен за најдобар филм на сите времиња. Снимен е во 1994 година, а ја следи приказната на Andy Dufresne кој е осуден за убиство на својата сопруга и нејзиниот љубовник. 19 години поминува во затвoр, се додека не успее да избега. Вистински емотивен приказ на животот на еден затвореник кој е неправедно осуден. Глваната улога ја толкува Tim Robbins, а веднаш до него е неповторливиот Morgan Freeman.

Фантастичен филм кој вреди да го погледнете ако досега не сте успеале.

Во продолжение, ви пренесуваме некои од незаборавните цитати на најдобриот филм на сите времиња.

Надежта е опасна работа. Може да те доведе до лудило “- Red

Светот отиде многу напред и направи сè набрзина” — Brooks

“Спасението лежи во себе” — Управникот Samuel Norton

Морам да се потсетам себеси дека некои птици не се создадени да бидат во кафез“ — Red

Ви велам, тие гласови летнаа многу високо, заминаа многу подалеку од сите кои биле претходно на ова сиво место и се осмелиле да сонуваат” — Red

Интересно е тоа што, додека бев надвор бев чесен човек. Морав да дојдам во затвор и тука да станам измамник — Andy Dufresne

Овие ѕидови се чудни. На почеток, ги мразиш, а потоа, се навикнуваш. Кога ќе помине доволно време, почнуваш да зависиш од нив — Red

Надежта е добра работа, можеби најдобрата од сите. А добрите работи никогаш не умираат” — Andy Dufresne

Биди зафатен со живеење на животот или биди зафатен со умирање” — Andy Dufresne

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.