Македонските танчери СВЕТСКИ ШАМПИОНИ во Латино Шоу

0

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино и Синхро кое се одржува во Сараево, БиХ.

По пауза од една година , тие повторно ја освоија титулата Светски Шампиони во детска категорија. Тие се членови на Македонската Асоцијација за Модерни Танци која реди успеси на светското првенство. Покрај Eat the Beat, Македонија ја претставуваат и танчерите на Expose од Битола.

Досега имаат 3 пласмани на пиедесталот , но во детска категорија повеќе од заслужено ја понесоа титулата светски шампиони , оставајќи ги Италија и Србија на второто, односно третото место. Браво дечиња

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот