Lonely Planet – Северна Македонија, како да се истражи оваа малку позната, но посебна земја

0

Lonely Planet е интернeт портал за вистинските вљубеници во патувањата. Тука може да се најдат информации за места на кои никогаш не сте биле да се добијат совети што да се посети, водичи и генерaлно инспирација за следната дестинација.

North Macedonia is a country overflowing with natural riches © Azem Ramadani / Shutterstock

Токму овој сајт, пред извесно време пишуваше за уште една прекрасна дестинација која треба да се посети – Северна Македонија.

Насловот вели – Северна Македонија – како да се истражи оваа малку позната за светот посебна земја

Северна Македонија на хартија е многу млада земја. Во 2019 година, оваа планинска земја го промени своето. Граничи со Албанија, Косово, Србија, Бугарија и Грција.

Земјата која порано беше позната како Поранешна Југословенска Република Македонија, која повеќето ја викаа само Македонија, не е нова земја. Историјата оди наназад 5000 години. Промената на името беше заради отворање на вратите кон ЕУ. За патниците кои со нетрпение очекуваат да истражат нова земја, ова е одлична прилика да откријат една од најавтентичните дестинации во светот.

North Macedonia’s capital of Skopje perfectly intertwines the old world with the new one © Trabantos / Shutterstock

За релативно мала земја, Северна Македонија е неверојатно богата со прекрасни пејзажи, можности за авантури и богата е со култура – вели Antonia Sisak, директорка на LRCP(Local and Regional Competitiveness Project ), иницијатива формирана од ЕУ.

Понатаму во текстот се опишани дел од убавините на Македонија, како главниот град Скопје, тврдината Кале, Охридското и Преспанското езеро, Националниот Парк Маврово како и препораки за планинарење на прекрасните предели кои нашата земја може да ги понуди.

Целиот текст прочитајте го на следниот линк – https://bit.ly/2lRFC95

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот