Како богатите стануваат  уште побогати

0

За разлика од повеќето луѓе кои и оние малку пари кои ги имаат би можеле да ги вложат во инвестиционен фонд или акции, наместо да го купат последниот технолошки крик, богаташите инвестираат во недвижности, уметност и компании.

Начинот на кој ги трошат готовите пари е тоа што ги прави различни од другите.

Кога семејството на Џошуа Колман во 2004 година ја продаде компанијата за телекомуникации во Чикаго за 400 милиони долари, сите велеа дека е избрзана одлука оти сакаат повеќе пари. Но, тие секако дека консултирале стручњаци како да го сочуваат богатството и да го зголемат воедно.

Нивните совети го инспирираа младиот Џошуа во 2011 година, да ја основа компанијата “Momentum Advanced Planning”,која ги поврзува стручните лица за данок, правни и финансиски совети со клиентите кои ќе го побараат тоа.

Ако еден ден реши да ја продаде компанијата, тој повторно ќе заработи многу пари, како и со продажбата на семејната компанија.

Богатите луѓе имаат пристап до различни инвестиции за кои повеќето луѓе не знаат ниту дека постојат.

Screen-Shot-2016-03-10-at-1.55.18-pm

Затворени фондови, долгорочни инвестиции каде парите се орочуваат најмалку на пет годнини, што на сумата која ја ставиле на депозитот се додава голема камата што е многу исплатливо.

Уште една област каде тие вложуваат е изнајмување на авиони што исто така им носи голема заработка.

Вложувањето во компании, нивно купување и продажба е бизнис кој е веќе докажано и се уште финансиски исплатлив.

Се што треба е паметно да се инвестираат парите без разлика на нивната сума. Од некаде треба да се почне и никогаш не можете да знаете – можеби токму тоа ќе ви донесе шанса за богатство за кое некогаш само сте сонува.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот