Дознајте за некои од најинтересните традиции и верувања во светот

0

Ако сте во Австралија и сакате да се возите со такси, во тој случај подобро е да седнете на предното седиште. Додека пак, во САД, како и во најголем дел од светот, задолжително на задното седиште, доколку не сакате да се соочите со лут возач.

Во Данска, кога некој ќе наполни 25 години, а е сè уште сингл, обичај е да се истури цимет врз него. Доколку ништо не се смени додека наполни 30 години, на денот на роденденот ќе треба да истурат врз него бибер.

Една од старите традиции во Кина кога се мажи девојката е еден месец пред нејзината свадба, идната невеста заедно со женскиот дел од семејеството да плаче секоја вечер по еден час, во спротивно ќе стане мета на исмејување на соседите заради непочитување на семејството.

Многу веројатно дека денес ова не го прават младите парови, но зачудува самиот факт дека некогаш било традиција која мора да се испочитува.

Во Германија, пред свадбата, гостите треба да донесат по еден порцелански сад и да го скршат во домот на идниот брачен пар. Притоа, не смее да се носи стакло или друг материјал, само порцелан. Потоа, парот треба заедно да го чисти од подот или земјата во дворот, а целта е да се научат заедно да се соочуваат со проблемите и заедно да ги расчистуваат.

Во Унгарија кога се наздравува со пиво, не треба да се удрат чашите.

Во Бразил, кога со рацете ќе го покажете ОК знакот, се смета за навреда, тоа е исто како во другите земји да покажете среден прст.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.