Долготраен мирис кој ќе Ве издвои од толпата – Tom Ford Fucking Fabulous

0

Да се поседува парфем со потпис на Tom Ford е вистински престиж. Креирајќи ги парфемите, дизајнерот имал идеја да бидат за луѓе кои го сакаат престижот, кои знаат да проценат што е добро и ретко, односно за луѓе со истенчен вкус, храбри личности кои сакаат да доминираат и да бидат забележани. Tom Ford креира парфеми кои се за двата пола, односно „dual gender“ бидејќи смета дека секоја личност може да се пронајде и истакне себеси, без разлика на полот.

Fucking Fabulous на Tom Ford е наменет за мажи и за жени и е дел од неговата ексклузивна Private Blend колекција.

Клучните состојки се горчливо масло од бадем, тонка зрна, корен од ирис,кожа и бистро саге масло.

Која е приказната за неговото настанување – зошто Fucking Fabulous?

Седејќи на состанок со своите соработници, мирисајќи ги парфемите, новите креации Том изјавил: „Ова е ‘Fucking Fabulous’ “.

John Demsey, извршен претседател на Estee Lauder Companies, се согласил со него, повторувајќи ги истите зборови.

На тоа, дизајнерот одговорил: „А зошто да не го носи токму тоа име?“

Тоа е моментот кога е донесена едногласна одлука како да се вика овој парфем од лимитираната едиција на Tom Ford парфеми.

„Некои луѓе зборуваат само за состојките на парфемот, ние зборуваме за тоа како мириса“, вели John Demsey.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.