Дали знаете дека дневните рутини се исклучително корисни за постигнување успех во работата?

0

Која е тајната на секој успех? Да создадете рутина. Дневните рутини се многу корисни за олеснување на обврските бидејќи ни помагаат да заштедиме време, пари и да направиме приоритети. Ја зголемуваат ефикасноста, го намалуваат стресот и помагаат да постигнеме повеќе од зацртани цели.

Интересен е фактот што најголем дел од луѓето сметаат дека утринските рутини се тие го олеснуваат успехот на дневно ниво. Всушност, треба да се фокусираме на попладневните и вечерните рутини за да имаме вистинска корист од нив.

Можеби најдобар начин да се надмине попладневната забавеност е да се раздвижите. Ко-основачот на Твитер, почнал да вежба во оние моменти кога се чувствувал најмалку продуктивен. Во минатото, неговата идеја за продуктивен ден е да стане наутро и да го почне денот со вежбање. Но, после извесен период, заради фактот што фокусот секако наутро е на највисоко ниво, ја сменил рутината да вежба попладне или паузата од работа да ја искористи за вежбање. Фантастична промена која му донела многу позитивни промени во работата.

Доколку немате сала за вежбање блиску до работа, немате можност да го сторите тоа за време на работниот ден, тогаш излезете малку од канцеларија и прошетајте. Целта е да се раздвижите за да се активира циркулацијата на крвта во телото.

Кратка дремка исто така се покажала како многу продуктивна рутина. Претприемачите како Томас Едисон и Џон Рокфелер биле познати по нивните попладневни дремки. Неодамна, компаниите Zappos, Ben & Jerry’s и Cisco им дозволија на вработените да имаат дремка за време на работните часови. Зошто?

Бидејќи ги подобрува моторните перформанси и го зголемува фокусот. Исто така, влијае на намалување на стресот и подобрување на расположението.

Уште една работа која можете да ја вметнете во секојдневните рутини е да ги зачувате најлесните обврски за крај. Како што веќе споменавме, најголем дел од луѓето наутро имаат најдобар фокус, па тоа е време кога треба да се посветите на најтешките задачи. А што се однесува на попладнето, можете да го посветите на организацискиот дел, истражување или пак да се состанете со тимот.

На крајот од денот, созададете рутина по следниот редослед:

  • Прегледајте ја листата на задачи кои сте ги завршиле и кои ќе треба да се завршат
  • Средете го работниот простор
  • Одговорете на маиловите кои не стигнавте во текот на денот
  • Направете рекапитулација на денот и прегледајте ги и запишете ги обврските кои беа успешно завршени со позитивен резултат
  • Ажирирајте ги колегите со информациите од денот

  • Кажете им „довидување“ кога си заминувате

  • Направете план за следниот ден

  • Кога ќе стигнете дома, дисконектирајте се од телефонот

  • Оставете ја работата на време

Извор: Еntrepreneur.com

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот