Ботаничката градина во Сингапур – единствена тропска оаза под заштита на УНЕСКО

0

Ботаничката градина во Сингапур е тропска градина која постои веќе 160 години. Таа е единствената тропска оаза под заштита на УНЕСКО.

Од 2013, оваа градина е една од најпосетуваните во Азија. Претставува значајна туристичка атракција каде што посетителите можат да ги видат различните и единствените видови на растенија и дрвја, но претставува и образовен центар за експертите на хортикултура.

Најинтересниот дел за сите туристи во текот на целата градина е Националната градина на орхидеи која е отворена во 2015. година. Во неа се наоѓаат повеќе од 1000 видови на орхидеи и повеќе од 2000 хибриди на орхидеи. Најпознатите хибридни видови се: Dendrobium во спомен на Принцеза Дајана, Dendrobium на Маргарет Тачер и уште повеќе од 100 видови на хибриди.

Доколку Сингапур е на вашата листа на дестинации, нешто што не треба да го пропуштите е неверојатен дизајн на орхидеите во самата градина, кој што ќе ви  го одземе здивот.

Сите орхидеи се распоредени по годишни времиња.

Зона „Пролет„ е полна со нежни и светли бои како крем, жолта и многу златни нијанси кои што се прелеваат една во друга.

Зона „Лето„ е богата со јаките бои како црвена и розева.

Зона „Есен„ е препознатлива со зрелите есенски бои.

И во последната зона „Зима“ преовладуваат белите бои со студени тонови на виолетова боја, а присутни се и препознатливите бои на зимата.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот