Дали знаете дека кога Кралицата Елизабета седнала на тронот, повеќето Британци не биле родени?

0

Кралицата Елизабета II неодамна ја одбележа 65-годишнината од своето владеење во Велика Британија, со што стана монарх кој најдолго владеел со некоја земја.

Младата Елизабета станала Кралица на Британија на 6 февруари 1952 година, истиот ден кога починал нејзиниот татко Кралот Џорџ VI. Иако официјалното крунисување се случило повеќе од една година подоцна, на 2 јуни 1953 година, таа и без тоа ја извршувала секоја кралска задача.

Нејзиното владеење е толку долго што Елизабета им дала мандат на 14 британски премиери, а во Америка се смениле дури 13 претседатели.

Што е со иднината на Британија?

Кралицата има 90 години и веќе е свесна дека треба да се подготвува нејзиниот наследник. Народот ја обожава, не само во Британија, туку и во целиот свет. Го обожаваат и нејзиниот внук, Принцот Вилијам, но не и неговиот татко, Принцот Чарлс.

Заради тешката настинка, таа не успеа да се појави на редовните настани на кои присуствува кралското семејство за Божик и Нова година. По нејзината смрт, многумина веруваат, светот ќе се „сврти наопаку“.

Но, нејзиното „заминување“ ќе биде уште потрагично за Британците, бидејќи 81% од населението што денеска живее во оваа земја, и не биле родени на денот кога Елизабета станала Кралица. Тоа се 4 од 5 живи Британци денес!

Сите тие се надеваат дека Елизабета ќе остане на тронот уште неколку години и заради нејзината харизма, и заради праведноста, но и заради остроумноста и решителноста. Британија, па ни светот, нема да имаат монарх од нејзиниот калибар уште долго време.

Да живее Кралицата!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот