Алисон Феликс го сруши рекордот на Усеин Болт – само 10 месеци откако стана мајка

0

Само после 10 месеци откако ја роди својата ќерка, Алисон Феликс се врати на трчањето и успеа да го сруши рекордот на досега најбрзиот човек – Усеин Болт.  На IAAF World Championships кое се одржа во Доха, Катар, таа трчаше 4x400 метри и освои злато.

Не само што тимот на САД освои злато со светско рекордно време, туку настанот создаде двојна историја, особено за Алисон. Таа стана единствената спортистка (маж или жена) која има освоено 12 златни медали на светските првенства, надминувајќи го рекордот што некогаш го делеше со Усеин Болт.

Последните неколку месеци биле турбулентни за Алисон, заради проблемите за време на породувањето. Нејзината ќерка Камрун се родила предвреме, во ноември 2018 година. Во истиот тој период, компанијата Nike одбила договорно да се согласи со Алисон дека нема да биде финансиски казнета, доколку не даде се од себе во месеците после породувањето.

Денес, како прва спонзорирана атлетичарка за Atleta, Алисон го направи својот камбек во Катар, како најава за тоа што може да се очекува од неа за време на Олимпијадата 2020 година во Токио.

Извор: https://www.popsugar.com