Сакајте ја Вашата кожа за да се сакате себеси уште повеќе.

Новата магија на квалитетна течна пудра не е тука само да ја разубави кожата, туку и да ја открие нејзината сензуалност во 2019-та.

„Каков и да е односот на жените кон шминкањето, секоја од нив сака совршен тен откако ќе нанесе течна пудра“ – вели Peter Philips, креативниот и имиџ директор од Dior Makeup.

Препознатливата Forever течна пудра, благодарение на својата висока совршеност, невидлива и долготрајна формула, сега оди чекор понатаму.

Денес, на сите жени во светот им нуди продолжен долготраен изглед, кој трае 24 часа по нанесувањето. Новата Dior Forever Skin Glow линија е дополнета со култната Forever пудра која има природен мат финиш.

Срцата на жените ќе осцилираат помеѓу Dior Forever и Dior Forever Skin Glow, во зависност од нивниот стил, расположение и време од денот.

Внимателно одбраниот спектар од 67 нијанси одговара на секоја суптилна нијанса на сите тонови на кожа. Беж палетата е достапна во тонови од роза, килибар, маслинка и праска кои совршено се комбинираат со секој тон кожа, од најсветлиот до најтемниот.

Со Forever пудрата, кожата на секоја жена го открива најдоброто од себе. Жените ќе ја обожаваат својата кожа со Dior.

„Со Forever пудрата, влеговме во нова ера на течни пудри. Жените денес се големи експерти за шминка, така што можат да креираат краен ефект каков што тие сакаат, токму како што прават со кармините“ – вели Peter Philips.

Подобар и подолготраен

24-часовна совршеност со два различни финиши. Двете формули содржат посебни состојки за одличен краен ефект.

DIOR FOREVER MATTEСовршена текстура

Текстурата кој обезбедува лесно нанесување, додека абсорбентите помагаат да се неутрализира сјајот и да се создаде идеален кадифен финиш. Транспарентните честички ја фиксираат подлогата и откриваат апсолутно совршен краен резултат без ефект на маска.

DIOR FOREVER SKIN GLOW – Совршен изглед без сјаење

Лесни масла избрани заради нивната можност за лесно размачкување, кои испаруваат за време на нанесувањето. Посебните блескави честички пак, идеално ја рефлектираат светлината.

Повеќе прилагодени – големиот избор на нијанси ја открива совршеноста која ја поседува секој тен.

Благодарение на експертот Peter Philips, Forever and Forever Skin Glow се во бои кои можат да се прилагодат на секоја кожа – 67 нијанси во тонови од роза, килибар, маслинка и праска, односно топли и неутрални тонови.

Пигменитите се обложени со посебeн слој кој ја задржува влагата. Пудрата останува на исто место, не се менува и не бледнее.

„Со овој комплексен спектар на бои, жените можат да коригираат или пак да го нагласат тенот, да си играат со подтоновите. На пример, топлите тонови можеме да ги нагласиме со топли беж тонови. Мат или блескав финиш, нијансите дозволуваат креирање на различни ефекти во зависност од кожата, стилот или расположението“ – објаснува Peter Philips.

Подобрена нега на кожата – исклучителна удобност за време на носењето, заштита на кожата за уште поубав секојдневен изглед.

Forever пудрата го подобрува изгледот на кожата со секојдневното користење, благодарение на внимателно одбраните состојки кои се карактеристични за нега на кожа.

Кампања

За новата Forever сага, Dior ја доживува новата течна пудра како составен дел од животот. Natalie Portman се враќа пред камерите како модел за Forever пудрата. Поубава од кога било. Грациозна и самоуверена.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.