Guerlain Abeille Royale: Извонредните својства на медот во светот на убавината

0

Денеска го прославуваме Светскиот ден на пчелата.

На сите ни е познато дека пчелите произведуваат мед кој во текот на својата историја главно се употребувал како додаток во исхраната, но со текот на времето неговата примена е поширока.

Во светот на нега и убавина на кожата, медот има многу важна улога. Во чест на денешниот ден, ве носиме на мало “патување” до островот Оусан.

Островот Оусан, кој се наоѓа на само 18км од брегот на Бретања, е УНЕСКО биосферен резерват со екосистем, заштитен од пестициди.

Брендот Guerlain со гордост учествува во одржување, чување и заштита на островот каде црните пчели произведуваат мед со извонредни својства кои се користат во нивната Abeille Royale франшиза.

За Guerlain, пчелите претставуваат секојдневен приоритет, затоа во соработка со Бретанската Организација за заштита на црни пчели (Brittanny Black Bee Conservation Association) секој ден во последните 30 години, тие се посветени да обезбедат заштита на црните пчели.

Дел од производите од франшизата на Guerlain Abeille Royale можете да ги видите во прилог:

Abeille Royale Youth Watery Oil – благодарение на извонредните својства на медот и најновите откритија во науката, нуди напредно решение за ефикасно справување со видливите знаци на стареење и целосно поправање на оштетената кожа.

Honey Cataplasm Mask е производ инспириран од импресивното влијание на медот врз кожата, кое дава беспрекорни резултати само по првото нанесување. Откако ќе ја извадите маската, веднаш ќе забележите дека Вашата кожа е посвежа, затегната и сјајна.

Оусан е мал остров, на чија земја црните пчели го нашле својот сигурен дом. 18-те километри кои ги делат од брегот на Франција формираат непристапна природна граница која ги штити од загадување и болести.

Веќе 30 години, Guerlain и Здружението за заштита на црни пчели се посветени на обезбедување конзервација на црните пчели.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.