4 тајни дестинации на Медитеранот

0

Медитеранот крие некои речиси непознати дестинации кои вредат да бидат откриени.

Кои се четирите најголеми тајни медитерански места кои ќе ве фасцинираат со убавите плажи, богатата историја и неверојатно вкусната храна?

Ментон (Франција)

Многу дрвја со лимони и тропски градини се обележје на овој град на Азурниот брег. Градот се наоѓа на границата со Италија, на осум километри од Монако. Ментон освојува со прекрасните плажи, тропската микроклима, градини кои личат на минијатурен рај, веселите фасади, феноменална кујна и шик туризам. Во Ментон не смеете да не го посетите музејот Жан Кокто, познат француски писател, сценарист, режисер и дизајнер.

menton-night

Серифос (Грција)

Најмалку познтиот оствров на Кикладите и идеална дестинација за мирен одмор. Се наоѓа само на пет киломтери од Пиерија. Белите фасади на куќите и пустите плажи се контрастна слика во која ќе се вњубите. Со своите речиси илјада жители, овој остров не е помеѓу дестинациите за масовен туризам, но, сепак главниот град Хора е еден од најубавите на грчките острови. Ако веќе летувате на Серифос, мора да го посетите и скриениот град Панагиа, каде туристите имаат можност да пробаат одличен мед и козјо сирење.

serifos-1

Апуља (Италија)

Овој дел од Италија излегува на две мориња: Јонско и Јадранско. Ќе ве дочекаат гостопримливи домаќини, многу сончеви денови, највксуната паста и неодоливо вино. Можете да сместите во традициоанлните куќички од камен, карактеристични за овој дел од Италија кои ќе ве вратат во времето на средновековните бајки. Интересен за посета е и замокот на Штауфер, династија која што владеела на овој регион во средниот век. Туриистите кои го посетиле ова место се согласни: со сигурност ќе се вратите со некој килограм плус, а за сметка на тоа ќе уживате во најубавите изгрејсонца Европа.

apulja

Коста Брава (Шпанија)

Додека еден дел од брегот на Коста Брава станал развиена туристичка дестинација, останатите делови го задржале традиционалниот изглед и станале „скриенa скапоценост“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, море, песок и Сангрија. Скокнете ги популарните туристички места. Сината  боја на морето во која се заљубил Салвадор Дали станува магична помеѓу гратчињата Росес и Кадакес. Долги песочни плажи, гребени полни со зеленило, завливи од кои може да уживате во глетката кон планините… Сето тоа во регионот Коста Брава, плус одлична храна и кафеани кои нудат боемски живот.

kosta brava

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар