Не постои човек во светот кој не сака да јаде чоколадо. Чоколадото е првото на листата најпродавани и најконсумирани слатки работи. И откако ќе се најадете (бидејќи никој не може да се задржи на само една коцка чоколадо), чувствувате грижа на совест.
За среќа нема потреба. Но, само ако консумирате црно чоколадо. Всушност, колку е чоколадото потемно, толку е поздраво.
Постојат неколку добри причини зошто, всушност, треба да јадете темно чоколадо.
На прво место е срцето – темното чоколадо го штити кардиоваскуларниот систем. Испитувањата покажуваат дека неколку коцки темно чоколадно можат да го подобрат протокот на крвта, да го намалат нивото на лош холестерол и да го намалат крвниот притисок.
Темното чоколадо делува и како антидепресант бидејќи содржи серотонин кој делува против депресијата, но и ендорфин кој дава чувство на задоволство. Дополнително, тоа е одличен афродизијак.
Ова чоколадо е полно со антиоксиданти, а кои го штитат организмот од стареење и од многу болести, притоа се важни и во превенцијата против ракот. Во ова чоколадо има повеќе антиоксиданти отколку во млечното бидејќи содржи повеќе какао.
Темното чоколадно не содржи многу шеќер во себе, па не влијае ни на количината на шеќер во крвта. Затоа им се препорачува на дијабетичарите кои не можат, а да не каснат нешто слатко во текот на денот.
Во себе содржи и минерали и витамини, полно е со магнезиум, калциум, калиум и железо.
Темното чоколадо има многу помалку калории, па затоа се препорачува и во некои диети (но во мали количини)
Запомнете:
1.Во секое темно чоколади има и малку кофеин, 100гр. чоколадо има кофеин колку 1 шолја кафе.
2.Не е точно дека чоколадото може да предизвика појава на акни во пубертетот, без оглед на количините во кои го консумирате.
3.И за крај – не е вистина дека чоколадото предизвикува кариес, туку кариесот го создава храната што се задржува долго во устата, каква и да е таа.
А сега, ако ви се јаде нешто благо – каснете малку темно чоколадо.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот