Зошто се скандинавските народи најсреќни на светот?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Бројни истражувања во изминативе години ги ставаат Норвежаните, Данците и Швеѓаните на листата најсреќни нации во светот. Дел од причините за ова е одличниот животен стандард, ама парите не се сè. Скандинавците се водат од четири златни правила, но нив може да ги примени и секој од нас.

Ова се работите кои ги прават поразлични и посреќни од останатите:

  1. Скромност и почитување на другите

Не постои вистински закон кој го налага ова, но Скандинавците ги почитуваат следниве работи:

Немој да мислиш дека си некој и нешто
Немој да мислиш дека си подобар од нас
Немој да мислиш дека си попаметен од нас
Немој да замислуваш дека си добар колку и ние
Немој да мислиш дека можеш да се дружиш со нас

Всушност, ова се правила со кои се ограничува ароганцијата, и иако тие се шегуваат на своја сметка, факт е дека скромноста и почитувањето на другите се силно изразени.

  1. Баланс меѓу работата и семејството

Во Америка, на пример, е нормално да се работи и до 12 часа во текот на денот, но во Скандинавските земји повеќето компании завршуваат со работа во 5 часот попладне. Ова посебно се однесува на Данците. Таму не се цени ни прекувремената работа, бидејќи тие сметаат дека ова долгорочнодоведува до непродуктивност на работниците. Дел од компаниите во Шведска дури и воведоа работно време од само шест часа, иако се очекува, од финансиски причини, тоа сепак да се врати на осум. Но, ова значи дека Скандинавците имаат многу време за своите деца.

  1. Семејни собири

Данците го користат зборот hygge за кој не постои точен превод, но го означува прекрасното чувство поврзано со времето што можете да го поминете со семејството и со пријателите. Замислете си – седите пред камин, пиете вкусно вино, едноставно уживате. Зар тоа не е причина за среќа? Ова е нешто на што најголемиот дел од светот заборава.

  1. Реални очекувања

Данците се сметаат за многу реален народ. Тие создаваат реални очекувања и цели, но истовремено фантазираат и сонуваат. Најважно од сè – можат да направат разлика помеѓу вистината и фикцијата. И токму тоа ги прави среќни.

Ако успеете барем нешто од ова да вметнете во секојдневието, веруваме, нивната среќа ќе се манифестира и кај вас.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот