
На музејот на Македонија ќе му бидат доделени вредни предмети поврзани со животот и спортската кариера на великанот на македонскиот спорт и четирикратната светска шампионка во маратонско пливање Атина Бојаџи (1944-2010).
Музејот на Македонија ќе добие збирка предмети меѓу кои и пехари, медали, трофеи, плакети и други предменти како и фотографии и аудио материјали кои ја дополнуваат спортската збирка на Музејот.
Воедно тука спаѓа и првиот пехар на Атина Бојаџи освоен на првиот Охридски светски пливачки маратон на слатки води одржан во 1962 година.
Музејот во сопственост ќе ја има и оригиналналната диплома за нејзиното препливување на каналот Ла Манш во 1969 година, како и многу други дипломи и достигнувања во хуманата дејност.
Имено Атина Бојаџи е еден од спортските ветерани на Македоскиот олимписки комитет. Воедно прогласена и за спортист на 20-тиот век преку јавна анкета на „Утрински весник“ во која учествуваа голем број македоснки граѓани.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот