Турски народни песни со анадолиски мотиви, фолклорни носии од различни анадолиски региони, „Сема“, дервишкото вртење со филозофијата на поетот Џелалудин Мевљана Руми, ќе може да се слушнат вечерва на концертот во Домот на АРМ со почеток во 19 часот.
Организатори се Институтот „Јунус Емре“ од Скопје во соработка со Газијантеп универзитет од Турција и „Ипекјолу“ - Агенцијата за развој.
„Сема“ се наоѓа и на Листата на заштитено нематеријално културно богатство, а првиот ваков концерт е одржан завчера во Сараево. Влезот е бесплатен.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот