Опкружени сме со фотографии и луѓе кои се загрижени за својот изглед. Многу често, гледајќи ги сите оние фотографии од совршено убави личности, знаеме да се почувствуваме несигурни во себе, помалку фрустрирачки.
Но, наместо тоа, треба да почнеме да размислуваме поинаку. И се разбира позитивно.
- Постојат повеќе стандарди за убавина
Сите ние сме различни. Затоа и сите на убавината гледаме различно. Тоа што немаме сите тело на модел, не значи дека немаме убаво тело. Може да бидеме послаби или покрупни, а тоа да нема никаква врска со убавината.
Килограмите се само дел од нашето битие, нашиот карактер.
Знаете дека постојат plus-size модели, така? Тоа се еднакво убави жени како останатите кои се само “модели“.
Што би рекле за овие две дами?
Мерлин Монро, се смета за една од најубавите жени во историјата. Таа никогаш не била преслаба, нејзината тежина била идеална.
2. Сите ние имаме несигурности
Не е важно кој си, што си постигнал или како луѓето те доживуваат: сите ние имаме несигурности. Секој од нас има своја маана која му ја руши самодовербата.
Она што треба да го знаеме е дека совршенство постои. Се зависи од перцепцијата на нештата. Кога некој ви се допаѓа, не ги забележувате мааните, тој човек за вас е совршен. За другите луѓе, можеби не.
И најубавата девојка на која и се восхитувате кога ќе ја видите, има моменти кога не се чувствува убаво или пак е несигурна поради целулитот кој можеби малку се зголемил за време на празниците.
Не сте сами, сите имаме свои стравови.
- Различностите нè прават убави
Сигурно познавате некоја жена од вашата околина која има кадрава коса. И се восхитувате и обожавате како и паѓа на рамената. А таа пак, секој ден се нервира заради тоа што не може да ја исчешла онака право како девојките кои имаат права коса.
Девојките со пеги кога би знаеле дека тоа ги прави многу привлечни, не би потрошиле ни минута повеќе трудејќи се да ги прикријат со шминка.
Она што ве прави различни од другите, е она што ве прави повеќе привлечни од другите. Запомнете го тоа и носете ја својата карактеристика гордо!
Вие сте битие само за себе. Луѓето ве гледаат онака како што вие се претставувате пред нив. Уживајте во своето тело и сакајте се себеси. Бидејќи, луѓето многу често го сакаат она што го сакате вие.
Прочитајте: Убавината на жената се крие во нејзината душа – Одри Хепберн
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.