Ова се 6-те градови со највкусна храна во светот

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Некои луѓе се навистина среќни што ја имаат можноста да патуваат низ светот и да вкусуваат разновидна храна. Еден од нив е Jeffrey Merrihue кој ги има посетено надобрите ресторани ширум светот.

Според него постојат неколку квалитети кои мора да ги поседува еден град и според кои тој ја направил оваа класификација. За да се издвојат градовите со највкусна храна во светот, тие мора да посетуваат врвна услуга, ексклузивност и познавање во кулинарството како и можност за вкусна, но евтина храна. Мора да бидат веродостојни за градот, стандардите но, исто така и кујната која е специфична за таа област која исто така треба да биде богата разновидни вкусови.

За жал не е секаде така, бидејќи некои градови како на пример Париз, имаат недостаток на она што се нарекува -улична или брза храна, а пак на Њујорк му недостига специфичниот вкус би го истакнал овој град.

Ова се 6те градови кои ги исполнуваат овие критериуми, а со самото тоа и претставуваат едни од највкусните места ширум светот:

6. Мексико
Мексиканската храна е добро позната ширум светот. Богата е со елитни ресторани меѓу кои Pujol кој се наоѓа на 20то место на листата на топ најелитни ресторани во светот, потоа Quintonil на 22то место и Biko на 65то место кој ја претставува мексиканската кујна на еден модерен и воодушевувачи начин. Додека пак чоколадното тако во Enrique Olvera’s Pujol е легендарно само по себе.
За евтина храна се смета такото кое е највкусно во Los Cocuyos.

Pujol

5. Токио
Постои причина зошто готвачите на суши посветуваат многу години за да го усовршат овој специјалитет. Во Токио совршеноста е единствениот клуч - тие се служат само со најдобрите состојки и се е приготвено со најголема прецизност.
Најдобрите ресторани кои се издвојуваат се RyuGin кој е на 52то место на топ листата на најелитни ресторани во светот како и Narisawa кој е на 18то место.

За евтина храна најдобро место е Tsukiji Market каде мора да се вкусат дупло-пржените остриги.

RyuGin

4. Сингапур
Сингапурците се пионери во уличниот пазар за храна, модел кој подоцна е копиран ширум светот. Па доколку сте вистински гурмани тогаш ова е местото кое мора да го посетите за да го доживеете вистинското искуство.
Во Сингапур рестораните се многу различи еден од друг. Waku Ghin се наоѓа на 39то место со само две простории за ручање додека пак ресторанот André кој се наоѓа на 14 место се ориентира според насоките од уличниот пазар за храна.

Кога станува збор за евтино место за храна дефинитивно најдобар е уличниот пазар кој претставува сигурно и чисто место богато со разновидни вкусови.

Waku Ghin

3. Њу Орлеанс
Град кој практично се заснова на храна која не може да ја најдете на ниедно друго место ширум светот.
Во Њу Орлеанс ниту еден од рестораните не е вклучен во листата на Најелитни ресторани во светот, бидејќи многу од рестораните се фокусирани на заштита на наследството на традиционалното креолско готвење. Galatoire е на врвот ресторани кои мора да ги посетите, со своите зачудувачки ракчиња. Исто така, има ресторани со епски пропорции што служат гумбо, јамбалаја и останато.

За евтина храна места кои треба да се посетат се Central Grocery каде се служи легендарниот muffaletta сендвич кој е направен во посебно лебче и содржи салата од маслинки, мортадела, моцарела и др состојки. Додека пак најдоброто место за зачинето пилешко месо е Willie Mae’s Scotch House.

Galatoire

2. Лима
Лима инкорпорира јапонски влијанија со три клими - планина, џунгла и крајбрежје - за производство на извонредна кујна која претставува рај на храна.
Најекслузивната храна се наоѓа во рестораните Central кој е на 5 то место на топ листата на најелитните ресторани во светот, кој користи состојки извадени од длабочина од 20 метри под вода. Место кое исто така мора да се посети е At Maido кој се наоѓа на 8то место на листата.
Од евтините места каде може да вкусите одлична храна и да бидете дел од едно поинакво искуство се издвојува Chez Wong каде се служат и по 100 оброци во една вечер.

Central

1. Сан Себастијан
Ова е дефинитивно највкусниот град во светот. Сан Себастијан, Билбао и пошироко блескаат на секое ниво, со екслкузивни јадења и предјадења вкоренети во локалната култура и историја.
Најексклузивни ресторани кои мора да ги посетите и кои претставуваат рај на планетата земја кога станува збор за храната се Asador Etxebarri на 6то место, Mugaritz на 9то место, Arzak на 30то место and Azurmendi на 38то место кои кои претставуваат совршен спој на минатото и иднината на шпанската кујна.

Asador Etxebarri

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.