Најсмртоносната храна на светот

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Гастрономите често патуваат на места каде што ги води стомакот, во потрага по необична храна, која понекогаш може да биде и опасна по живот. На тоа влијае начинот на кој е земена, начинот на кој се подготвува и начинот на кој се пече, вари или пржи. Според Центарот за контрола на болести, околу 10 милиони луѓе( од 20 до 50 проценти од нив се меѓународни патници) имаат последици од нивниот интерес за разновидна храна и им се појавува дијареа. Причината поради која кај мештаните нема такви проблеми е што тие имаат создадено имунитет. Доколку и вие сте едни и љубопитните луѓе кои сакаат се да пробаат тогаш погледнете ги најопасните јадења на светот.

Фугу, Јапонија

fugu

Опасност: Смрт

Фугу е риба позната и под името Сабјарка, може да ве убие во рок од еден час доколку не е подготвена на вистинскиот начин, односно тоа значи дека треба соодветно да се извади црниот дроб и репродуктивните органи. Готвачите кои ја подготвуваат мораат да поминат обука која се фокусира само на овој вид риба и трае три години.

Касу Марзу, Сардинија

Casu-Marzu

Опасност: Проблеми со желудникот

Иако не е смртоносно ова сирење, сепак предупредувањето застрашува и може да ги предомисли голем дел од гурманите. На прв поглед ова е само сирење од италијански овци кое има вкус на горгонзола. Но, ако го погледнете малку поубаво ќе сфатите дека сирењето е преполно со мали и ситни црви, кои се живи секако!Се подготвува на тој начин што во раната фаза се изложува на муви кои положуваат јајца на него, кои се еден вид катализатори за ферментација. Европската Унија го има забрането овој производ, но наводно се уште се произведува и се купува на црниот пазар како уникатен специјалитет.

Шангајски крвави школки

krvave-skoljke

Опасност; Хепатитис

Овие школки се сметаат за деликатес во Шангај. Но, овој деликатес може да ве зарази со хепатитис. За да можат да се јадат, тие мораат внимателно и брзо да се зготват за да се елиминираат вирусите и бактериите кои предизвикуваат хепатитис. Обично, овие школки се продаваат во азиските супермаркети, имаат сиво-бела боја и длабоки бразди полни со крв.

Дива бик-жаба, Намибија

bik-zaba

Опасност: Откажување на бубрезите, смрт

Жабата може да биде минско поле од токсини, а кожата и органите се посебно опасни да се јадат. И покрај тоа, цела бик-жаба(со исклучок на неколку смртосносни органи) се смета за деликатес во Намибија. Најсигурни за јадење се после парење и “третиот дожд”, бидејќи тогаш нивото на концентрација на токсините е најмало.

Некој да не е гладен?!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот