
Во првите месеци од животот на бебето може да ви се чини дека не правите ништо друго освен што го храните и пресоблекувате бебето. Но, колку пелени бебето навистина троши во текот на една година?
Ако сте се прашале колку пелени ќе му пресоблечете на своето бебе, научниците се потрудиле да ви дадат одговор на тоа прашање.
Според нив, во текот на првиот месец од животот на новороденчето ќе ви требаат околу 10 и 12 пелени дневно.
Конкретно, бебињата во просек какаат 3-4 пати на ден, а мочкаат околу 7 пати дневно. Се чини дека е многу, но честото пресоблекување е добро за здравјето на бебето.
Еден месец подоцна таа бројка незначително ќе падне – со околу шест мокри пелени, а бебето и понатаму ќе кака 3-4 пати на ден.
Се смета дека минимумот е вкупно шест извалкани пелени дневно, а сè помалку од тоа е знак дека доенчето веројатно не добива доволно нутритиви низ храната, што е знак дека треба да се посети педијатар.
Со време бројот сепак ќе се промени, посебно кога бебето ќе почне со цврста храна. Тогаш и столицата може да варира.
Некаде до вториот роденден околу 22% од бебињата ќе се одвикнуваат од пелените, а посебно на сите тоа ќе им успее пред третиот роденден.
Колку точно пелени ќе смените до тогаш?
Пресметката е едноставна: 10-12 пелени дневно помножено со 365 денови во годината е 3650 до 4380 пелени во текот на првата година.
Ако детето се одвикне од пелени до вториот роденден, доаѓаме до навистина огромна бројка од дури 7300 до 8760 пелени.
Нормално, тоа е бројка во случај да имате само едно дете, кое е и прилично напредно па на време успеално да се одвикне во потполност од пелените.
Тука не се пресметани сите оние пелени кои ќе ги пресоблечето по една минута откако сте ставиле нова, бидејќи бебето одлучило да ја извалка токму чистата, штотуку ставена пелена.
Извор: Bebeboom.mk
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.